Во Москва пронајдени камени орудија од епохите на мезолит и неолит

Во Москва најдени камени орудија од пред нашата ера.

Во центарот на Москва археолозите открија кремен секач од епохата на неолит (V–III милениум пред нашата ера. Ова е еден од најстарите предмети најдени при реализацијата на програмата „Моја улица“, се вели на сајтот на градоначалникот на Москва.

„Ножот е едно од универзалните орудија за работа на древниот човек. Зачуван е во целост, вклучувајќи ја дршката со странични симетрични вдлабнатини за прицврстување на дршката од коска, рог или дрво“, објасни раководителот на московскиот Оддел за културно наследство Алексеј Емељанов. Ширината на орудието е 2,5 цм, а должината речиси 4 сантиметри.

Покрај тоа, на Покровскиот булевар пронајден е уште еден артефакт од каменото доба – фрагмент на стругало, кое се однесува на епохата на мезолит (VII милениум пред нашата ера). Направен е од издолжен камен со заострено сечиво на крајот, пишува m24.ru.

Во моментов пронајдените предмети ги проучуваат стручњаци. Понатаму се планира да ги предадат на музеј или да ги изложуваат на изложби.

„Централната руска рамница била густо населена во епохата на мезолитот и неолитот. И во коритото на реката Москва може дури да се најде и мамутска фауна, и орудие од тие епохи мошне често се среќава. При изградбата на Москва секогаш се носело доволна количина песок од потоците, реките, и сега доаѓаме до доволен број пронајдоци – орудија за работа“, коментираше раководителот на Одделот за археологија на Московска Русија при Институтот за археологија на РАН Леонид Белјаев, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња