Утринава, во 88 година од животот во својот дом Лудвигсхафен на Рајна почина поранешниот канцелар на Германија Хелмут Кол, соопштува германски „Билт“.
Тој беше канцелар на Германија четири мандати - од 1982-1998 година.
Хелмут Кол одигра важна улога во воспоставувањето на добрососедските односи меѓу Германија и Русија. Влезе во историјата како „канцелар на обединувањето“, затоа што за време на неговиот мандат се случи обединувањето на Германија.
Тој ја критикуваше политиката, насочена кон изолација на Русија, како и миграционата политика на сегашната канцеларка на Германија Ангела Меркел, пишува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче