Поранешниот канцелар на Германија Хелмут Кол во својата нова книга ги критикува лидерите на западните држави поради стремежот да се изолира Русија поради случувањата во Украина. Ова го пренесува весникот Franfurter Allgemeine Zeitung.
Според мислењето на Кол, решението за спроведување на Г-8 самитот без Русија е „радикално“.
„Западот, Русија и Украина треба да дејствуваат внимателно за да не се сруши она што во минатото го постигнавме“, напиша Хелмут Кол во книгата „Грижејќи се за Европа“, од каде весникот пренесува извадоци.
Хелмут Кол беше канцелар на Германија од 1982 до 1998 година. Презентацијата на неговата книга ќе се одржи на 3 ноември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче