МО на РФ ги проверува информациите за ликвидацијата на лидерот на ИД

Министерството за одбрана на Русија го проверува информациите за можната ликвидација на лидерот на „Исламската држава“ Ибрахим Абу Бакр Ал Багдади во нападот извршен од руските Воздушно-космички сили на 28 мај во близина на Рака.

„Според информацијата која се проверува преку различни канали, на состанокот (врз кој е извршен нападот од ВКС на Русија) присуствувал и лидерот на ИД Ибрахим Абу Бакр Ал Багдади, кој како резултат на нападот бил ликвидиран“, соопштува рускиот воен ресор на својата страница на „Фејсбук“.

Министерството за одбрана на Русија исто така потврдува дека при нападот на ВКС биле уништени високопоставени милитанти, кои биле дел од составот на „воениот совет“ на ИД, како и 30 теренски командири и до 300 милитанти од нивното лично обезбедување. Конкретно, меѓу ликвидираните се наведуваат „емирот“ на Рака Абу ал-Хаџи ал-Масри, Ибрахим Ан-Наефа ал-Хаџ, кој го контролирал реонот од Рака до Ес Сухна, и „началникот на службата за безбедност“ на ИД  Сулејман Ал Шауах.

Информациите за состанокот на лидерите на ИД во јужните предградија на Рака Министерството за одбрана на Русија ги добило на крајот на мај. Се претпоставувало дека терористите ќе дискутираат за маршрутите за повлекување на милитантите од Рака преку таканаречениот јужен коридор. Нападот бил извршен ноќта на 28 мај, откако информациите за местото и времето на средбата биле потврдени со помош на дронови.

Ал Багдади (вистинското име му е Ибрахим Авад Ибрахим ал Бадри), првпат се појави во јавноста во јули 2014 година, кога од џамија во освоениот од ИД Мосул го објави создавањето на „исламскиот калифат“ на Блискиот Исток. Оттогаш медиумите во повеќе наврати објавуваа информации за негова ликвидација, но без потврда.

Истовремено медиумите соопштуваат дека водачите на ИД, кои избегале од Мосул и Рака, организирале „штаб“ во сириски Ел Мајадин, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња