Генералштаб на Русија: Граѓанската војна во Сирија фактички запре

По потпишувањето во Астана на договорот за зони на деескалација, граѓанската војна во Сирија е фактички запрена, изјави началникот на Главната оперативна управата на Генералштабот на ВС на Русија генерал-полковник Сергеј Рудској.

„Кардинално кон подобро ситуацијата се смени по потпишувањето на 4 мај 2017 година во Астана на меморандумот за создавање зони на дескалација во Сириска Арапска Република. Фактички е запрена граѓанската војна во Сирија“, изјави Рудској, пренесува „Взгљад“.

Тој додаде дека меморандумот, исто така, дозволи да се почне со работа за санација на населените места кои во моментов не се окупирани од страна на терористите. Населението, според Рудској, се враќа во ослободените градови и села, ги обновува домовите. Исто така се работи и на обнова на објектите за снабдување со електрична енергија, транспортните јазли, патиштате, каналите за наводнување на земјоделското земјиште.

Сепак, акциите на коалицијата предводена од САД не придонесуваат владините сили да ги поразат терористите од групата „Исламска држава“, туку само пречат, додаде Рудској. Тој истакна дека руската војска не гледа значителни резултати во борбата на коалицијата против ИДИЛ, која ја декларира како своја цел борбата против тероризмот, но, всушност, „врши напади врз сириските сили, непречено ги пушта милитантите од ИДИЛ да излезат од опколените подрачја, засилувајќи ги групите терористи на подрачјето на Палмира и Деир ез Зор“.

„Очекуваме од нашите коалициони партнери да преземат мерки за да се спречат таквите случаи и подетално да се ангажираат в борбата против терористичките групи на ИДИЛ во Сирија“, заклучи Рудској.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња