Путин: Русија ќе го брани Крим со сите средства

Во случај на какви било закани за Крим, Русија ќе ја штити својата територија на сите достапни начини, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во интервјуто за режисерот Оливер Стоун.

Путин укажа дека односот спрема Крим од страна на Русија се променил, затоа што полуостровот станал составен дел од територијата на Русија, пренесува „Взгљад“.

„И доколку видиме закана за својата територија, а Крим е наша територија, ние, како и секоја држава, ќе ја штитиме нашата територија со сите достапни за нас средства“, изјави Путин.

Во текот на интервјуто, прикажано во третиот дел од серијата на Стоун за Путин, претседателот на Русија исто така раскажа дека  Русија не го присоединила Крим, туку самите Кримјани се изјасниле за присоединување со Русија.

Путин исто така изјави дека Русија не ги загрозува ниту земјите од Прибалтикот, ниту Источна Европа и дека тоа наскоро ќе им стане на сите очигледно.

Претседателот на Русија исто така го коментираше позитивниот однос на Русија спрема Доналд Трамп и раскажа за својата работа со Барак Обама.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња