Германија и Австрија се загрижија за судбината на европските компании поради најавените американски санкции против Русија, се вели во изјавата на Министерствата за надворешни работи на двете земји што ја пренесува Еј-Би-Си Њуз.
Во документот се истакнува дека САД и ЕУ заедно одговарале на дејствијата на Русија за време на конфликтот во Украина. Сепак, новите ограничувања ќе создадат опасност за европските компании кои учествуваат во енергетското снабдување на континентот.
Загриженоста на Берлин и Виена е предизвикана од одредбата, според кој под санкции можат да се најдат и компании од ЕУ. Мерките на ограничување се однесуваат на организациите кои имаат намера да инвестираат во поставувањето на експортните руските цевководи, како и да даваат при нивната изградба услуги, информациона поддршка и да обезбедуваат технологии, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче