Државниот секретар на САД говореше на сослушувањата во Сенатот каде раскажа дека партнерите се вознемирени од влошувањето на односите со Русија и се уверени дека лошите односи меѓу Вашингтон и Москва ќе ја направат полоша и нивната сопствена положба.
„Сојузниците, партнерите, големите и малите, и тоа без исклучок... во Европа, на Блискиот Исток, во Југоисточна Азија (велат): „Ве молиме, зафатете се со односите со Русија, тие треба да бидат подобрени“, изјави Тилерсон, пренесува „Взгљад“.
Претходно државниот секретар на САД веќе изјави дека односите меѓу Русија и САД се наоѓаат на крајно ниско ниво и продолжуваат да се влошуваат. Покрај тоа, Тилерсон исто така го нарече нивото на односите како недобро и соопшти дека претседателот на САД Доналд Трамп му наложил да ги подобри односите со Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче