Трамп го повика Тилерсон да ги обнови односите со Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп му кажал на државниот секретар Рекс Тилерсон дека истрагата во врска со наводните врски со Русија на кругот лица околу американскиот претседател не треба да ги поткопува напорите на шефот на американскиот дипломатски ресор за подобрување на односите со Москва.

Ова го соопштува „Ројтерс“ повикувајќи се на Тилерсон.

Државниот секретар на САД пристигна во главниот град на Нов Зеланд Велингтон. Тилерсон учествуваше во прес-конференцијата на која беше прашан дали го загрижува истрагата за наводните врски со Русија.

„Претседателот јасно ми даде до знаење: не треба да се дозволи она што се случува во сферата на политиката да ми пречи да си ја вршам работата која ми беше наложена во таа смисла. Тој сосем јасно укажа дека треба да постигнеме напредок. Јас навистина немам никаква врска со сите тие прашања“, изјави тој.

Претходно медиумите соопштија дека Доналд Трамп сака да ѝ го врати на Русија нејзиниот дипломатски имот, пренесува RT.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња