Стоун: Заканата од Русија е вештачки надувана

Режисерот Оливер Стоун, кој го сними филмот за претседателот на Русија Владимир Путин, изјави дека Москва не претставува закана ни за Европа, ни за САД и дека сите стравувања по тој повод се вештачки надувани.

Стоун по серијата интервјуа со Путин призна дека не разбира во што се состои заканата која доаѓа од Русија и ги повика сите исто така да размислат во што се состои таа, во што лежи опасноста од „руската закана“.

„Господинот Путин на никој начин не дејствува така што би ја загрозувал Европа или Америка. Тоа го надувуваат како голема закана, небаре Русија се подготвува да го освои светот. Но, тоа нема никаква смисла“, изјави Стоун, пренесува „Взгљад”.   

Тој изјави дека „светот може да биде спокоен“, но „ја имаме ИД, тоа го знаеме, и господинот Путин го знае тоа“. Режисерот поставува прашање: „Зошто да не се концентрираме на тоа?“

Во текот на интервјуто Стоун исто така го спореди Путин со поранешниот претседател на САД Френклин Делано Рузвелт. Според Стоун, Путин исто така успеал да изгради економија на голема земја, како и Рузвелт по доаѓањето на власт од 1931 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња