Путин: Не знам зошто Елцин ме одбра мене

Во интервјуто со американскиот режисер Оливер Стоун претседателот на Русија Владимир Путин призна дека го одбил првиот предлог на Борис Елцин да биде премиер и да се кандидира за претседател.

Путин во интервјуто за Стоун рече дека жали за распадот на Советскиот Сојуз пред сѐ поради тоа што „25 милиони руски народ за една ноќ се најдоа во странство и тоа реално е една од најголемите катастрофи на XX век“, а „во земјата најпрвин настанаа првите знаци, а потоа и граѓанска војна во полн обем“. Путин потсети дека „сето тоа го видов совршено“, особено откако застанал на чело на ФСБ. Путин, исто така, ја истакна опустошеноста во социјалната и економската сфера.

Притоа Путин изјави дека заслугата на генералниот секретар на ЦК на КПСС Михаил Горбачов била во разбирањето дека се неопходни промени во системот, но „проблемот беше во тоа што самиот по себе беше неупотреблив“. Земјата се распадна, бидејќи нејзините лидери не знаеја како да го променат системот, рече Путин.

Според Путин, Горбачов направил грешка, кога не побарал на хартија да се стави ветувањето на НАТО дека нема да се шири на исток: „Тој едноставно разговараше и реши дека со тоа е сѐ решено. Тоа не е така“. Путин истакна дека дури и запишаните на хартија ветувања често се прекршуваат. Тој потсети дека раководството на НАТО и САД ветиле дека нема да ја шират Алијансата кон исток подалеку од источната граница на ГДР.

Тој рече дека смета дека нема право да дава сериозни оцени за постапките на Горбачов или Елцин. Путин призна дека Елцин имал проблеми со алкохолот, но имал и силни страни – „тој никогаш не бегаше од лична одговорност“.

„Не знам зошто Елцин ме одбра мене“, изјави Путин, додавајќи дека не бил сигурен дека ќе биде на чело на државата, „никој не даде никакви гаранции во врска со тоа“, но тој решил „да оди до крај“, штом „судбината така одредила“.

„Но, кога Елцин ми предложи првиот пат, одбив. Тој ме покани во неговата канцеларија, рече дека сака да именува за премиер и би сакал јас потоа да се кандидирам за претседател. Јас реков дека тоа е многу голема одговорност, тоа треба да ми го промени целиот живот и не сум сигурен дека сум подготвен за тоа“, рече Путин.

Путин објасни дека дури и висок функционер можат да „живее живот на практично обичен човек“ и да ја води земјата - значи „да сноси лична одговорност за судбините на милиони луѓе“. Со оглед на ситуацијата во Русија, тоа било „многу сложена работа“, рече Путин. Притоа Елцин, според неговото сопствено признание, можел „во секој момент да каже: „Слободен си“, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња