Нов ловец-пресретнувач ќе го замени МиГ-31

Корпорацијата МиГ работи на модернизација на паркот ловци-пресретнувачи МиГ-31 и истовремено работи на проектирање авион кој ќе биде негова замена, изјави генералниот директор на корпорацијата Илја Тарасенко.

Во интервју за „Комерсант“ Тарасенко изјави дека претпријатието во рамките на работата со клиенти го поделило бизнисот на неколку дела. Првиот дел е модернизација на авионите кои се претходно испорачани со цел нивните карактеристики да бидат максимално приближени до авионите од петта генерација. „Паралелно ќе работиме и на проектите МиГ-29 и МиГ-35”, рече Тарасенко.

Вториот дел е изработка на перспективен авио-комплекс за пресретнување на големи далечини.

Генералниот директор на корпорацијата соопшти дека работата за замена на МиГ-31 се одвива во соработка со други компании „додека работиме на концептот на проектот и на неговиот облик“.

Тарасенко исто така изјави дека корпорацијата МиГ направила пробни модели на три типа лесни беспилотни летала: извидувачко, ударно и летало за радиоелектронска борба.

Компанијата во моментов, изјави тој, им ги презентира наведените дизајни на клиентите, кои ќе донесат одлука за понатамошно финансирање на овие проекти, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња