Метис: Треба да ја запреме активноста на руската воена авијација

САД го перципираат активирањето на руската воена авијација на подрачјето на Алјаска во контекст на општата порасната активност на Русија која го вознемирува Вашингтон, изјави шефот на Пентагон Џејмс Метис.

„Не сум сигурен дека сфаќам што сакаат да постигнат таму. Кога гледаме комбинација од закани за демократијата во сајбер-просторот и она што го прават во Сирија, бомбардерите „Мечки“ (Ту-95, Bear Bombers според класификацијата на НАТО), ако ја погледнеме сета таа активност заедно, тоа многу вознемирува и ние треба да го прекинеме тоа“, изјави министерот за одбрана на САД Метис, пренесува „Взгљад“.

Според податоците на САД, последниве шест недели покрај бреговите на Алјаска се реализирани пет летови на руската авијација.

Според Метис, циклусот руска активност „треба да биде запрен“. Тој го нарекува тоа „движење во спротивен правец од мирот и стабилноста“. Исто така, шефот на Пентагон предупредува дека во услови на таква активност, вклучувајќи и летови покрај бреговите на Алјаска, можат да се случат секакви „погрешни пресметки“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња