МО на РФ објави видео од летот на Ту-95 во близина на Алјаска

Летот над стратешките бомбардери Ту-95МС на ВКС на Русија во близина на Алјаска се одвиваше над неутрални води, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Стратешките носачи на ракети Ту-95МС во придружба на повеќенаменските ловци Су-35С ги реализираа планираните летови над неутралните води на акваторијата на Тихиот океан по должината на Алеутските острови, соопштува Одделот за информација и масовни комуникации на Министерството за одбрана на РФ.

„Пилотите на Стратешката авијација, согласно утврдениот план, редовно реализираат летови над неутралните води на акваториите на Атлантикот, Арктикот, Црното море и Тихиот океан како од базни, така и од оперативни аеродроми“, истакнува воениот ресор на Русија.

Министерството за одбрана на РФ потенцира дека сите летови се вршат во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води. Во текот на летот границите на другите држави не биле нарушени.

Претходно војската на САД истакна дека летот на руските авиони покрај бреговите на Алјаска бил професионален и безбеден, пренесува „Росијскаја газета“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња