„Дејли Меил“: Дадено зелено светло на ловците на „килибарното Елдорадо“

Властите на германската сојузна покраина Тирингија дадоа зелено светло за нова потрага по „царската ризница“ – блескавата Килибарна соба, која нацистите ја украдоа на почетокот на Втората светска војна, соопштува британски „Дејли Меил“. Локалните функционери дозволија багери на местата на ископување, затоа што „непознати ловци на богатство“ ветија дека ќе ги елиминираат последиците од извршената работа на свој трошок, истакнува изданието.

Властите на германската сојузна покраина Тирингија дадоа зелено светло за нови потраги по „царската ризница“, која нацистичките сили ја украдоа во 1941 година – „блескавата Килибарна соба“, соопштува „Дејли Меил“. Ископувањата се вршат во близина на фамозниот поранешен концентрационен логор Дора-Мителбау, прецизира британското издание.

Уште еден обид да се најде „познатата во цел свет Килибарна соба“ беше преземен откако се појавија нови докази. Според нив, „нацистите можеле да ги кријат ограбените за време на војната скапоцености во магацините во близина на концентрациониот логор“, продолжува „Дејли Меил“. Архивските материјали на Ес-ЕС и кажувањата на  очевидците од тоа време исто така „укажуваат на присуство во регионот на таен воен транспорт“, истакнува изданието.

Како што нагласува „Дејли Меил“, локалниот Оддел за археологија и Здружението на шумари дозволија багери на местото каде што се врши ископувањето, откако  „непознатите ловци на богатство“ ветија дека ќе ги елиминираат последиците од извршената работа на свој трошок.

Британското издание укажува на фактот дека по Втората светска војна Килибарната соба се претвори во „Елдорадо на Централна Европа – потрага, која  подеднакво ги фасцинираше и богатите, и сиромашните“, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња