Путин: САД паднаа во сопствената стапица

Претседателот на Русија Владимир Путин во интервјуто за режисерот Оливер Стоун изјави дека САД се наоѓаат во стапица од грешки, затоа што искрено веруваат во сопствената исклучителност и мислат дека им е дозволено да прават сѐ.

Во филмот на Стоун на каналот „Шоутајм“ рускиот лидер истакна дека илузијата во главите на Американците се појавила по распадот на СССР.

„Мислам дека кога САД се почувствуваа дека се на чело на таканаречениот цивилизиран свет, а тоа е кога се распадна СССР, тогаш се појави илузијата дека САД можат сѐ и дека никој ништо не им може. А тоа е секогаш стапица. Затоа што во таа ситуација и човекот, и земјата почнуваат да прават грешки. Нема потреба да се анализира ситуацијата, нема потреба да се мисли за последиците“, изјави Путин, пренесува RT.  

Како резултат на тоа, според рускиот лидер, една грешка почнува да следи по друга. Конкретно, идејата за ексклузивност доведе до тоа во САД да се појави империјалистичко размислување, кое пак доведе до соодветна надворешна политика.

„И раководството на земјата е принудено да дејствува според таквата логика, а во пракса излегува дека тоа не одговара на интересите на народот на САД, како што мислам. Затоа што како конечен резултат тоа доведува до дефекти и проблеми, затоа што покажува дека е невозможно да се контролира сѐ“, изјави Путин.

Претходно рускиот претседател изјави дека го смета распадот на СССР за најголема катастрофа на XX век.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња