Отворен Музејот на Елцин во Екатеринбург
Татјана АндрееваРусија ќе зајакнува и ќе се развива благодарение на трудот и талентот на нејзиниот народ, преданоста на народот кон Татковината, изјави во средата претседателот на РФ Владимир Путин при отворањето на претседателскиот центар на Борис Елцин (Елцин Центар) во Екатеринбург.
Основната задача на центарот е зачувување, проучување и толкување на историското наследство на Борис Елцин во контекст на политичките и општествените настани во 90-те години на XX век. Центарот е замислен како општествено-политичка организација која ќе придонесува за изградба на правна држава, проучување и развој на институцијата претседател во Русија.
„Борис Николаевич сакаше нашата земја да биде силна, просперитетна, среќна. Ние веќе многу нешта направивме за постигнување на тие цели, надминавме многу тешкотии и задолжително ќе ги решиме задачите што стојат пред нас. Русија ќе зајакнува, ќе се развива, со грижливоста и трудот, со талентот на нашиот народ, неговата преданост кон Татковината“, изјави Путин на отворањето на „Елцин центарот“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче