Американското издание „Политико“ објави статија во која пишува за заканата по вооружените сили на САД од страна на „руската пропаганда“.
Изданието го смета за сомнително „проруското“ расположение на низа американски сајтови за ветерани кои не се склони да им веруваат на мејнстрим медиумите. Одвреме-навреме тие преобјавуваат статии од руски онлајн-изданија, како што е магазинот на Институтот за ориенталистика на РАН, на пример, за ситуациите во Украина или во Сирија.
Покрај тоа, тврди „Политико“, на „Фејсбук“ „руските агенти“ наводно извлекуваат информации од американски војници, запознавајќи се со нив преку профили на привлечни жени. Откако ќе спријателат со војниците на социјалните мрежи, тие исто така можат „да објавуваат пропаганда кој ќе се појавува на нивниот „њуз фид“.
Како „пропагандистичко“ и „непроверено“ изданието го нарекува известувањето за загинувањето во Сирија во 2016 година на поручникот 1 класа Александар Прохоренко, кој го насочи артилерискиот оган врз себе кога беше опколен од милитантите. Американските војници на социјалните мрежи му се восхитуваа на рускиот офицер, прогласувајќи ја неговата смрт за херојска, изјави за „Политико“ поранешниот припадник на Вооружените сили на САД Серена Морнинг. Според неа, тоа ја „вознемирило“, како и тоа што војниците околу неа станале „поклоници на Путин“.
Поранешниот командант на силите на НАТО во Европа генерал Филип Бридлав изјави за изданието дека таквите симпатии спрема Русија се последица на „усогласената кремљовска кампања“.
„Политико“ тврди дека Пентагон“ е „очигледно загрижен“. Од Министерството за одбрана на САД сепак не ги коментираа обвинувањата против Москва и изјавија само дека се трудат да ја зголемат информираноста на своите припадници за новите закани во сајбер-просторот.
Како и да е, изданието заклучува дека „кампањата на Кремљ“ може да се одрази на способностите на американските војници „да ѝ се спротивстават на идната руска агресија“, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче