Русија формираше Сили за информациски операции

Во состав на Вооружените сили на Руската Федерација се формирани Сили за информациски операции, изјави во Државната Дума во средата министерот за одбрана на Руската Федерација, генерал на армија Сергеј Шојгу.

Во Думата на Шојгу му беше поставено прашање за потребата од повторно на управата која се занимаваше со контра-пропаганда. На тоа министерот за одбрана одговори дека во составот на Вооружените сили на РФ веќе се формирани Сили за информациски операции што, според Шојгу, е многу поефикасно.

„Пропагандата треба да биде паметна, писмена и ефикасна“, објасни Шојгу, пренесува ИА РЕГНУМ.

Од своја страна шефот на Комитетот на Државната Дума за одбрана Владимир Шаманов истакна дека голем број на предизвици за безбедноста и одбраната се преселени во сајбер-просторот. Информативната војна стана составен дел на севкупната конфронтација меѓу земјите.

Токму поради овие причини беше одлучено да се формираат Сили за информациски операции, кои се насочени кон заштита на интересите на националната одбрана, изјави Шаманов.

Создавањето на овие сили доаѓа по сѐ поголемиот притисок врз Русија од страна на НАТО. Стратезите на НАТО посветуваат значително внимание на информативната војна против Русија, како дел од стратегијата за одвраќање на Руската Федерација.

Така, во 2015 година во Рига (Летонија) беше формиран Центарот за стратешки комуникации на НАТО. Задачата на овој центар е пред сѐ борба против „руската пропаганда“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња