По 150 години Алјаска тоне во морето

Од 213 населби на Алјаска, 184 би можеле да бидат потопени, а 20 треба итно да се преселат.

Пред 150 година Руската империја ѝ ја предаде Алјаска на Америка. Денес најсеверната и најголема држава во САД незапирливо се смалува. Поради климатските промени десетици населби на Алјаска наредниве години ќе се најдат под вода, пренесува „Комерсант“.

Од 213 населби на Алјаска 184 би можеле да бидат потопени, а 20 треба итно да се преселат. Њуток ќе потоне прв. 400 жители на ова место живеат меѓу Беринговото море и две реки. Вечниот лед се топи и нивото на океанот расте, па нивното парче земја постепено се претвора во мочуриште. Сега низ селото е можно движење само по посебни дрвени платформи. Во морето секоја година потонуваат по 30 метри од брегот.

Жителите на Њуток се староседелци од народот Јупик, граѓани а САД, првите „климатски бегалци“ на Алјаска. Тие постепено градат нова населба 14 километри подалеку од местото каде нивните предци живееле илјадници години. Новата населба ќе се вика Метавик, што на јазикот јупик значи „место на собирање на водата”. Таму се стигнува со чамец. Засега се изградени само седум куќи. За да може во целина да се изгради нова населба со училиште, аеродром (кој е неопходен, затоа што е единственото средство за сообраќај што ги поврзува со централниот дел на САД), електрична централа, кула за вода, потребно е преку 100 милиони долари. Властите на Алјаска бараат пари. Њуток бараше од администрацијата на Обама да издвои средства преку Федералната агенција за вонредни состојби, но тоа беше одбиено.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња