Уделот на Русите кои се нарекуваат себеси патриоти се зголеми на 78% од 57% во декември 2006 година, според Фондот „Јавно мислење“. Не се сметаат себеси за патриоти 16% од испитаниците (од 30% во 2006 година), покажа анкетата спроведена на 3-4 јуни меѓу 1500 луѓе во 104 населени места во 53 субјекти на Руската Федерација.
Во целина 59% од испитаниците не гледаат ништо лошо во јавноста да се нарекуваат себеси патриоти, сепак 39% сметаат дека тоа не е добро и е неубаво.
Според 50% од Русите, луѓето стануваат патриот главно под влијание на патриотското образование. Во исто време, 41% се уверени дека патриотизмот се буди кај луѓето поради други причини и дека посебното образование не игра некоја посебна улога во тоа.
Од гледна точка на повеќето Руси, патриот не може да биде лице кое е рамнодушно спрема родната природа (73%), кое се обидува да избегне да служи во армијата (68%), кој не ја знае историјата на својата земја (65%).
Притоа испитаниците не им го негираат правото на патриотите да ги критикуваат властите на својата земја (61%), да не го знаат текстот на химната на нивната земја (58%), да преферираат странска, наместо домашната литература и уметност (55%).
Одговарајќи на соодветното прашање, поголемиот дел од Русите изрази мислење дека „да се биде или да не се биде патриот е приватна работа на секој граѓанин“ (71%), но својата земја патриотот треба да ја смета за најдобра (72%), пренесува „Интерфакс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче