Зошто во Русија се засилија патриотските чувства

86% од жителите на Русија се гордеат со тоа што живеат овде. Извор: Рамиљ Ситдиков / РИА Новости

86% од жителите на Русија се гордеат со тоа што живеат овде. Извор: Рамиљ Ситдиков / РИА Новости

Во Русија сè повеќе граѓани се чувствуваат горди со својата земја, покажа последната општествена анкета. Ова се случува по воведувањето санкции од страна на други земји, по присоединувањето на Крим и нестабилната економска ситуација. Експертите објаснуваат со што имено се гордеат Русите и како патриотизмот се разликува од љубовта кон татковината.

Како Русите ја гледаат својата земја објаснуваат вработените во невладината организација за истражување „Левада-центар“, една од најголемите во Русија во својата област. Излезе дека 86% од жителите на Русија се гордеат со тоа што живеат овде. Тоа е навистина висок показател, таков беше само воочи финансиската криза во 2008 година. Притоа на прашањето – дали се гордеете со денешна Русија – потврдно одговориле 69% од испитаниците. Исто толку се чувствуваат слободни во руското општество. Половина од испитаниците изјавила дека граѓаните се должни да ја поддржуваат земјата дури и ако таа не е во право. Срам од тоа што се случува сега во Русија чувствуваат само 20% анкетираните. Пред 10 години такво чувство имале 80% од Русите. Анкетата беше спроведена на крајот на октомври врз 1630 луѓе во 134 градови и села во 46 региони во земјата. 

Гордост за историјата и сегашноста 

Заменик-директорот на Левада-центарот Алексеј Гражданкин објасни за "Руска реч на македонски„ дека испитувачите издвоиле два вида на гордост кои биле поделени според две прашања. „Има  гордост за тоа што се живее во земјата – тоа е гордоста за сета историја на земјата, за нејзините достигнувања. А има гордост и за денешна Русија, - изјави социологот. – И затоа гледаме разлика во процентите.“ 

Просперитетот на луѓето, материјалната обезбеденост и увереноста во подобра иднина се основата за гордоста, вели Гражданкин. Колку подобра е економската ситуација во земјата, толку поголем број луѓе се гордеат со неа. Колку побезнадежна изгледа иднината – толку помалку има гордост. 

Но за Русите посуштински фактор е не само материјалната состојба на човекот, туку и сфаќањето за улогата на Русија во историјата. 

„Јас паметам, јас се гордеам!“
Денот на победата во Русија може да се спореди според популарноста со Нова година, но по општественото значење е далеку пред неа. Еден од најраспространетите симболи на Денот на победата е Георгиевската лента, црно-портокалова лента со која во ова време масовно се накитени руските градови и минувачите од сите возрасти. Сепак, малкумина ја знаат заднината на овој симбол и историјата на неговото настанување.

„Русите сфаќаат дека во моментов економската ситуација кај нас е послаба отколку во  земјите на Запад. Но притоа се гордеат токму со својата историја“, вели социологот. Тој истакнува дека во годините кога земјата се бореше за опстанок, кога немаше доволно пари, а државата се фокусираше на решавање на економските задачи и се тргаше настрана од светската политика, тогаш и степенот на гордост со земјата опаѓаше. „А денес степенот на гордост покажува дека земјата се доближила до онаа улога во светот која ја демонстрираше Советскиот Сојуз. Тоа и доведува до чувство на гордост“, објасни Гражданкин. 

Набројувајќи со што се гордеат Русите, пратеникот на Комунистичката партија (КПРФ) Државната дума Вадим Соловјов веднаш се сети на историјата – „големата и моќна“, а потоа додаде за руската душа. „Ние имаме праведност која е поважна од парчето леб. Тоа е широчината на руската душа“, вели Соловјов. Тој потсети дека Русија не уништувала народи кои се нашле на нејзината територија, а во војна ги штедела противниците. „Во втората светска војна рускиот човек со своите гради ја одбранил Европа. Ние први летнавме во вселената и целиот свет се гордее со тоа. Имаме големи писатели, поети, музичари. Сигурен сум дека земјата ќе преодолее на сè!“, вели пратеникот. 

Комунистот на крајот на ноември предложи да се одобри закон кој обврзува да се дава „граѓанска заклетва“ при добивање на пасош. „Нека биде тоа празник со ветераните, бранителите на татковината, со претставниците на власта, за младината да го запамети тоа за цел живот и да се гордее со својата татковина“, додаде пратеникот. 

Патриотизам за разлика од политика 

Роман Доброхотов, доцент по политехнологија на Државниот академски универзитет за хуманистички науки (ГАУГН) укажува дека бројот на оние што се гордеат со тоа што се родиле во земјата е значително поголем од бројот на оние што се гордеат со она што го прави земјата. „Со друг зборови, значителен дел се сметаат себеси за патриоти не благодарение, ами за разлика од политиката што се спроведува во земјата“, објаснува тој.  

Има  гордост за тоа што се живее во земјата – тоа е гордоста за сета историја на земјата, за нејзините достигнувања. А има гордост и за денешна Русија, - изјави социологот. – И затоа гледаме разлика во процентите.

Алексеј Гражданкин

Левада-центар

Во целина, анкетите немаат многу смисла затоа што луѓето го кажуваат она што од нив сакаат да го слушнат, смета Доброхотов. „Ако зборуваме пак за реално расположение, тогаш општеството во моментов е крајно поларизирано: еден дел е силно вознемирен од она што се случува во Украина, корупцијата во земјата, социјалните проблеми, друг дел е обземен од патриотски чувства поради присоединувањето на Крим. Пролетва и летово патриотите беа многу активни и молчеливото мнозинство тежнееше на нивна страна. Сега, од есента, правецот предвидливо се смени, вниманието од конфликтот се префрли врз економијата и тука патриотите немаат што да одговорат“, вели политикологот и опозиционер. Во денешно време со оглед на растечката инфлација и проблемот во здравството степенот на патриотизам може да се намали“, изјави Доброхотов. 

Впрочем, дури и ако патриотизмот и гордоста кај Русите се намали, тогаш останува љубовта кон својата земја. Ова чувство, според мислењето на социолозите, се спаѓа во полето на психологијата. „Љубовта е помалку пресметлив, помалку рационален поим. А патриотизмот е повеќе рационален поим. Човекот е свесен за сопствената припадност кон земјата и ја поддржува“, објасни заменик-директорот на „Левада-центарот“ Гражданкин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња