Според портпаролот на МНР на РФ Марија Захарова, Западот дефинирал неколку проблеми на Крим како основни и се обидува „да ги држи на површината“. Се забележува „манијакален стремеж да не се види дека проблемите се решаваат, да не се види дека динамиката е сепак апсолутно позитивна“, изјави Захарова, пренесува „Росијскаја газета“.
„Таа тврдоглавост, со која Западот го гледа Крим со затворени очи, изнанадува. Време е да се отворат очите и токму заради тоа се одржуваат вакви манифестации“, истакна таа.
Захарова исто така изјави дека редакциите на западните медиуми не им дозволуваат на своите дописници службено да патуваат на Крим. „Странските новинари се луѓе кои размислуваат, искусно. Нивните редакции им забрануваат да одат во регионите на Русија. Тоа се однесува не само на Крим, но Крим е најсветлиот пример“, потенцираше Захарова, истакнувајќи дека репортерите поради својот професионализам не можат да ги скријат реалните факти за животот на полуостровот.
На Првиот форум за медиуми „Отворен Крим: со свои очи“, во текот на два дена ќе се одржат тематски дискусии за судбината на Крим во историска, геополитичка, меѓународно-правна, информативна и културна димензија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче