„Ние не ѝ го одзедовме Крим на Украина, што и да мислат за тоа. Сакам вака да им одговорам на полските читатели: обидете се да толкувате сѐ едноставно. Сфатете, Крим си замина од Украина, сам“, рече Захарова во интервјуто за Sputnik Polska.
Таа вели дека многумина во Европа едноставно не сфаќаат дека Русија не го одзела Крим, дека „Крим самиот стана и си замина, како што посвоено дете си заминува од семејството во кое никогаш не го сакале“.
Зборувајќи за референдумот на Крим, портпаролот на МНР Русија истакна дека на жителите на Крим им помогнал да ја изберат својата иднина „историскиот избор на предците кои живееле на таа територија“.
„Второ, тоа не беше избор во полза на Украина во која дојде до незаконска промена на власта, каде настана тотален хаос, каде се чувствуваше надворешен притисок, а властите се секогаш подготвени добро да се продадат“, нагласи Марија Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче