Русија и Белорусија преминуваат на плаќање во рубли за енергетски ресурси

Заменикот-министер за енергетика на Белорусија изрази надеж дека преминот може да биде реализиран до крајот на 2017 година

Русија и Белорусија пристапија кон усогласување на предлог-договор со кој се предвидува префрлање на руски рубли во плаќањето за испораки на нафта и гас. Ова за ТАСС го соопшти заменик-министерот за енергетика на Белорусија Вадим Закревски во кулоарите на министерската конференција за одржлив енергетски развој што се одржува во Астана.

„Точен датум за преговорите нема, но има предлог-договор во кој тоа (префрлување на пресметките во рубли) ќе биде предвидено. Сега го минува усогласувањето во Руската Федерација“, изјави тој.

Заменикот-министер исто така изрази надеж дека преминот може да биде реализиран до крајот годинава.

Вицепремиерот на РФ Аркадиј Дворкович во интервју за ТАСС во кулоарите на Петербуршкиот меѓународен економски форум соопшти дека Москва и Минск ќе се вратат на прашањето за префрлање на рубљата во второто полугодие. Беше соопштено дека страните имаат намера да изработат правила за единствен заеднички пазар до 1 јануари 2018 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња