Русија и Белорусија се договорија за рефинансирање на долгот на Минск

Руската страна вети дека ќе ги рефинансира должничките обврски на Белорусија во рамките на меѓудржавните кредити за 2017 година во износ од 750-800 милиони долари, изјави првиот вицепремиер на Белорсија Василиј Матјушевски.

Тој истакна дека наведената сума е основниот долг со камата, пренесува „Взгљад“.

Во моментов, според него, тече процесот на формализација на постигнатиот договор.

Претходно вицепремиерот на Русија Аркадиј Дворкович соопшти дека Белорусија се согласила да му го врати на „Гаспром“ долгот во износ од над 700 милиони долари, кој Минск претходно не го признаваше.

Претседателот на Русија Владимир Путин по разговорите со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека страните ги регулирале сите спорови поврзани со нафтата и гасот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња