Лавров и Тилерсон разговараа за ситуацијата во Сирија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров имаше телефонски разговор со државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

„На 10 јуни на американска иницијатива се одржа телефонски разговор на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Рекс Тилерсон. Соговорници разменија оценки за ситуацијата во Сирија и ја потврдија својата заложба за зајакнување на соработката со цел да се стави крај на конфликтот во таа земја. Сергеј Лавров изрази категорично несогласување со нападите на САД врз провладините сили, повика да се преземат конкретни мерки за спречување такви инциденти во иднина“, се вели во соопштението објавено на официјалниот сајт на рускиот дипломатски ресор.

Се истакнува дека шефовите на надворешнополитичките ресори се согласија да ги активираат постојните канали за напредок во сириското регулирање, вклучувајќи и примена на процесите од Астана и Женева.

Лавов и Тилерсон исто така се договорија да ги продолжат своите контакти за другите меѓународни проблеми, вклучувајќи ги и конфликтите на Блискиот Исток и северот на Африка, како и украинската криза, се наведува во соопштението.

Покрај тоа, министрите разговараа за импликациите од прекинот на дипломатските односи на голем број арапски држави со Катар. Обајцата ја истакнаа потребата за решавање на разликите преку преговори и изразија подготвеност да помогнат во овие напори.

Лавров и Тилерсон дискутираа и за актуелните прашања во руско-американските односи, вклучувајќи го и распоредот на претстојните билатерални контакти, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња