Ова во неделата го изјави заменик-претседателот на Европската комисија за прашања за Енергетската унија Марош Шефчович во текот на министерската конференција за одржлив енергетски развој во Астана.
„Ова се сосем свежи вести: комисијата го одобри мандатот и денес треба да им го презентираме на земјите-учеснички. Имаме прав не само да учествуваме во дебатите, туку и да предлагаме дополненија на текстот“, објасни Шефчович, пренесува „Известија“.
Тој исто така изрази поддршка за Министерството за енергетика на РФ затоа што рускиот енергетски ресор сѐ уште треба внимателно да го проучи тој мандат. Понатамошната дискусија за ова прашање ќе се одржи во септември.
Претходно министерот за енергетика на РФ Александар Новак изјави дека проектот „Северен тек 2“ е комерцијален проект и Русија жали што Европската комисија сака да влијае на неговата реализација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче