Претставници на Русија и САД одржале најмалку две „тајни средби“ на кои се дискутирало за зоните на деескалација во Сирија, соопштува „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на сопствени извори запознаени со ситуацијата.
Според информациите на изворите на весникот, средбите се одржале во Јордан и во нив учествувале и претставници на јорданските власти. Според изданието, уште една средба требало да се одржи во Аман неделава, меѓутоа била откажана поради потешкотии во усогласувањето на времето за нејзино одржување.
Како што соопштуваат изворите, понатамошните руско-американски преговори се во опасност поради растечките тензии меѓу Вашингтон и Дамаск.
Притоа соговорниците на „Вол Стрит Џурнал“ потенцираат дека САД се надеваат да најдат начин за соработка со Русија и да ја уништат терористичката група „Исламска држава“. Ако зоните на деескалација ја докажат својата ефективност, Вашингтон и Москва можат да се договорат за нивно создавање и на други територии, потенцираат изворите на изданието.
Претставниците на Стејт департментот на САД не дадоа никакви детали за евентуалните преговори. Амбасадата на РФ во САД засега не ја коментираше ситуацијата, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче