Во петокот, 9 јуни, три стратешки бомбардери на САД, способни да носат нуклеарно оружје, полетаа кон руските граници на Балтикот.
Според информациите на „Интерфакс“, авионите се упатиле на извршување на задачата од воздухопловната база Ферфорд во Велика Британија. Се работи за два Б-1Б и еден Б-52Х, пренесува порталот „Рамблер“.
Претходно, на 8 јуни, во рамките на воените вежби кои се одржуваат во регионот, авионите Б-1Б и Б-52Х реализираа тренинг летови.
На 6 јуни медиумите соопштија дека руската војска испрати еден авион-ловец Су-27 за да пресретне американски Б-52. Бомбардерот леташе над неутралните оди на Балтичкото море долж руската граница. Екипажот на Су-27 се приближи до леталото на безбедно растојание, го идентификуваше како американски авион и го придружуваше.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче