Бомбардерите полетале утринава од воздухопловната база Ферфорд во Велика Британија и се упатиле кон Балтичкото море и Полска, пренесува „Взгљад“.
Министерството за одбрана на Русија подоцна потврди дека Русија испратила еден авион-ловец Су-27 за да пресретне еден Б-52 над Балтикот, по што го придружувал сѐ до неговото оддалечување од границите на Русија.
„Екипажот на рускиот Су-27, откако се приближи до воздушниот објект на безбедно растојание, го идентификуваше како американски стратешки бомбардер Б-52 и го придружуваше“.
Авијацијата на САД и другите земји на НАТО редовно вршат извидувачки летови во близина на руските граници. Така, во средината на мај на границите на Калининградската област авиони на НАТО, САД и Шведска реализираа извидувачки летови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче