Русија го осуди новото ракетно тестирање на Северна Кореја

Русија го осудува новото лансирање на ракета од страна на Северна Кореја, изјави првиот заменик-министер за надворешни работи на РФ Владимир Титов.

„Загрижени сме од развојот на ситуацијата, но истовремено ги повикуваме нашите партнери со кои работиме на оваа тема, да покажат воздржаност, влучително и во однос на воената активност во овој регион“, изјави рускиот дипломат.

Северна Кореја на 29 мај изврши уште едно лансирање на ракета, најверојатно „Скад“ (НАТО ознака за советската ракета Р-17). Токио изјави дека, судејќи според сѐ, таа паднала на подрачјето на ексклузивната економска зона на Јапонија.

Според јужнокорејската војска, ракетата прелетала околу 450 километри. САД соопштија дека летот траел шест минути и дека ракетата паднала во Јапонското море.

Рускиот систем за предупредување за ракетен напад навремено го регистрираше лансирањето. „Тоа беше оквалификувано дека не претставува закана за руската територија“, изјави извор, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња