„Ни Русија не може да го спречи влезот на Грузија и Украина во НАТО“

„Во ниту еден случај Русија нема и нема да има право да го блокира овој процес“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Одлуката за зачленување во НАТО е самостоен збор на секоја земја и ниедна друга држава не може да го спречи тоа, „дури ни Русија“, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервју за „Ле Фигаро“. Според него, овој чин зависи само од согласноста на останатите членки на НАТО, како и од тоа дека земјата треба да одговори на одредени критериуми и барања на Северноатлантската алијанса.

Вратите на НАТО се секогаш отворени, изјави Столтенберг. Меѓутоа, за влез во организацијата треба да се задоволат нејзините критериуми и стандарди во однос на реформите, борбата со корупцијата и владеењето на правото, истакна тој, одговарајќи на прашањето дали е можен влез на Украина и Грузија во НАТО.

Тој исто так рече дека за влез на некоја земја во НАТО е потребно останатите членки на Алијансата да се согласат со тоа. „Во никој случај Русија нема и нема да има право да го блокира овој процес“, изјави тој. Според неговите зборови, секој земја има право самостојно да си ја бира судбината и „дури ни Русија“ не може да го стори тоа место неа, пренесува RT.

„Треба исто така да се напомене дека НАТО не се шири на Исток, туку источните земји доаѓаат во НАТО“, истакна генералниот секретар. Според него, Алијансата стана надеж за поранешните комунистички земји кои живееја под диктатура, а сега станаа демократии.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња