Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу му предложи на својот кинески колега Чанг Ванчуен двете земји да потпишат „патна карта“ за развој на соработката во периодот од 2017-2020 година.
„Важно е дека Русија и Кина се подготвени за заеднички напори во заштитата на мирот и јакнењето на меѓународната безбедност“, нагласи Шојгу. Тој истакна дека високиот интензитет на руско-кинеските преговори „сведочи за конструктивниот дијалог во рамките на целиот комплекс проблеми на глобалната и регионалната безбедност“.
Претседателот на Руско-кинескиот аналитички центар Сергеј Санакоев изјави за „Свободнаја Преса“ дека и покрај тоа што воената соработка меѓу Русија и Кина никаде не се нарекува сојуз или пакт, тие односи се фактички односи од сојузничка природа.
„Таквата соработка меѓу две огромни армии во светот мора да ги олади вжештените глави на оние кои ѕвечкаат со оружјето. Овој документ е важен чекор кон јакнење на меѓународната безбедност“. Санакоев додава дека Русија и Кина предлагаат нов модел на светот, а оние кои се за старите облици и методи, за западниот модел на глобализам, се разбира дека ќе се спротивстават на тоа.
„Сите ние знаеме за кои сили се работи. Гледаме до што доведува спротивставувањето на западниот систем од примерите со Ирак, Либија, Сирија, Украина. Тие можат да си дозволат неконтролирано да бомбардираат други земји со ракетите „Томахавк“, особено со толку непредвидливи претседатели како Доналд Трамп“.
Експертот на Центарот за анализа на стратегии и технологии, вишиот научен соработник на Вишата школа за економија Василиј Кашин смета дека воената соработка меѓу Русија и Кина дојде до ниво кога со соодветни политички одлуки се можни заеднички воени операции. „Не треба да се отфрли веројатноста од заедничка операција ако се случи некаква криза во Централна Азија или на Блискиот Исток, а ги доведува во прашање интересите на двете земји. Во секој случај, од воен аспект за тоа постои подготвеност“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче