Коми одговори одречно на соодветното прашање на еден американски сенатор, пренесува „Взгљад“.
Притоа во текот на сослушувањето во Сенатот Коми изјави дека тој не се сомнева дека Русија се „мешала“ во изборниот процес во САД.
Коми исто така изјави дека ја смета за причина на своето отпуштање од местото директор на ФБИ истрагата за „мешањето“ на Русија во изборите во САД.
Поранешниот шеф на ФБИ исто така изјави дека првпат бил запознаен со „руските сајбер-напади“ врз американски владини и невладини организации на крајот на летото 2015 година.
Говорејќи за тоа, колку сајбер-напади наводно извршила Русија, тој рече дека тоа се „стотици, можеби, повеќе од илјада, минимум стотици“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче