Путин: никакви хакери не можат да влијаат на резултати од избори

Претседателот на Русија Владимир Путин ги коментираше обвинувањата на адреса на Москва за наводни хакерски напади со цел да се влијае на текот на изборните кампањи во странство.

„Длабоко сум убеден дека никакви хакери не можат кардинално да влијаат на текот на изборната кампања во друга земја. Тоа нема да легне во свеста на избирачите, во свеста на народот, никаква информација нема да легне и нема да влијае на конечниот резултат“, изјави Путин, пренесува „Газета.ру“.

Притоа тој истакна дека Русија не се занимава на државно ниво со хакерски напади и потенцираше дека напротив, таа се труди да се бори со појавите на хакерски напади.

„Во секој случај, убеден сум дека никакви хакери нема да можат да влијаат на изборната кампања во ниту една од земјите на Европа, и ако сакате и во Азија, и во Америка“, додаде рускиот претседател.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња