Чижов: Во ЕУ созреани условите за омекнување на политиката спрема Русија

Според постојниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов, условите за омекнување на политиката на Европската унија спрема Русија веќе созреваат, за што има многу докази.

Според зборовите на рускиот дипломат, кон крајот на јуни може да се очекува уште едно разгледување на едниот од трите пакети антируски санкции чија важност истекува на 31 јули.

„Прашањето е во тоа кога ЕУ ќе собере доволно политичка волја за да ја ревидира таа политика. Дали тоа ќе се случи во јуни или за шест месеци – тоа е веќе во сферата на нагаѓањето. Но, во секој случај се забележува дека созрева ситуацијата за промена на курсот на ЕУ во однос на Русија“, изјави Чижов, пренесува „Взгљад“.

Истовременo Чижов смета дека тешко може да се каже точното време кога ЕУ ќе ја ревидира политиката спрема Москва.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња