Западни медиуми: Арапското НАТО го растурија Русите

Порталот „На Линија“ ги коментира написите во западните медиуми за „руските хакери“ во ситуацијата со Катар.

По повод приказната со Катар во германските медиуми цел ден владееше збунетост. Но, тоа траеше само еден ден, затоа што ФБИ веќе одговори на прашањето кој е виновен. Таа страшна вистина ја соопштува сериозното германско издание „ЦАЈТ“.

Во тоа, вистина, никој дури и не се сомневаше, сите чекаа само официјална потврда – виновни се руските хакери.

Токму тие ја пуштија во катарските медиуми лажната вест „за потребата од воспоставање односи со Иран“, која, откако беше објавена, испровоцира прекин на односите на земјите од Персискиот залив со Катар.

Си-Ен-Ен, повикувајќи се на припадник на американските специјални служби (по традиција не се наведува името и презимето на тој припадник), ги изговори волшебните зборови прв.

Понатаму во сите медиуми оди потсетување дека токму руските хакери влијаеја на изборите за американски претседател.

Како можен мотив за постапките на Русија се наведува намерата да се скараат арапските земји и САД. „Американските експерти“ потсетуваат дека во Катар се наоѓа најголемата американска воена база во регионот, која е важна за нападите врз Сирија.

...Постои мислење дека обидот да се пушти во оптек уште еднаш руската верзија е преземен од очај. Премногу работи веќе излегоа од контрола. Така, Турција не ја поддржа во конфликтот саудиско-египетската страна, ами Катар. Ердоган ги осуди санкциите против таа земја и соопшти дека Турција ќе ги развива со неа „сите можни врски“.

Макрон од далечната Франција исто така се огласи. Од Елисејската палата тој повика на „единство и солидарност меѓу земјите од Персискиот залив и да се подржат „сите иницијативи кои ќе влијаат на намалувањето на тензиите во скандалот“.

Меѓутоа, не е сосем јасно кому е упатено ова универзално објаснување. Дали на европските читатели, кои под сензационалните материјали за руските хакери коментираат „доста нѐ сметате за идиоти, уште колку можете“.

...Колку сакаат, ќе забележиме ние“, се вели во статијата на порталот „На Линија“.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги нарече Си-Ен-Ен „средство за масовна дезинформација“, коментирајќи го соопштението на американскиот канал во кое без докази се инволвира „руската страна, руските хакери или уште некој, поврзан со РФ“.

„Овој канал уште еднаш направи чекор кој ја поткопува сѐ повеќе неговата репутација на независен медиум. Жалам што Си-Ен-Ен толку грижливо си го поткопува сопствениот углед“, изјави рускиот министер, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња