Лавров: Русија нема да се меша во односите на Катар и арапските држави

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров го коментираше прекинот на дипломатските односи меѓу Катар и неколку арапски држави.

Одлуката на повеќе арапски земји да ги прекинат дипломатските односи со Катар е нивна работа и Москва нема да се меша во тоа, изјави шефот на МНР на Русија Сергеј Лавров.

„Тоа е нивна работа, тоа се билатерални односи на тие држави. Ние во тие одлуки нема да се мешаме, иако се сомневаат во нас дека зад секој настан во светот стоиме ние, но во уверувам – тоа не е така“, изјави рускиот министер, пренесува „Взгљад“.

Истовремено Лавров изјави дека Москва е заинтересирана да одржува добри односи со сите земји во регионот на Блискиот Исток.

„Убедени сме дека можат да настанат секакви противречности. Ние никогаш не сме радувале на потешкотиите кои настануваат во односите меѓу другите земји“, изјави Лавров.

Во понеделникот, поради поддршка на терористички организации од страна на Катар, седум земји ги прекинаа дипломатските односи со оваа земја – Бахреин, Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ, Либија, Јемен и Малдивите. Доха ја нарече неоправдана одлуката на арапските држави.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња