Путин: Никој нема да преживее војна меѓу САД и Русија

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека во евентуална нуклеарна војна со САД нема да има преживеани.

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека во случај на вооружен конфликт меѓу САД и Русија не би имало преживеани. Вакво мислење тој искажа во интервјуто за режисерот Оливер Стоун. Извадок од интервјуто објави каналот „Шоутајм“ на YouTube.

„Во случај на „жешка“ војна САД дали би доминирале?“ го праша Стоун претседателот на Русија.

„Мислам дека никој не би преживеал“, одговори Путин.

Како што пишува Variety.com, во текот на подготовката на интервјуто соговорниците го погледнале филмот на режисерот Стенли Кјубрик „Доктор Стрејнџлав, или Како престанав да се грижам и се вљубив во бомбата“, кој раскажува за хипотетска „нуклеарна апокалипса“ како резултат на конфликт меѓу СССР и САД.

Путин исто така изјави дека не губи надеж за промени во руско-американските односи.

„Надеж секогаш има, сѐ додека не нѐ однесат во бели влечки на гробишта“, одговори рускиот лидер на прашањето што може, според него, да се очекува од победата на Трамп на изборите за претседател, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња