Ова Лавров го изјави на прес-конференцијата по преговорите со шефот на МНР на Шпанија Алфонсо Дастис Каиседо.
„Тоа, дека терористите не се смируваат, се потврдува, за жал, секојдневно, вклучувајќи ги денешните терористички напади во Иран“, изјави Лавров, пренесува RT.
Утрото на 7 јуни непознати напаѓачи стрелаа во парламентот на Иран, а исто така беше извршен и напад врз мавзолејот на имамот Хомеини во Техеран. Според последните информации, бројот на настрадани во нападот порасна на 33.
Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација „Исламска држава“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче