Кремљ: Средба меѓу Путин и Трамп ќе има во Хамбург

Според зборовите на портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, средбата меѓу лидерите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп може да се одржи во Хамбург на самитот на земјите од Г-7, при што преговорите ќе бидат без традиционалната изјава за претставниците на медиумите.

„Во Хамбург – да, но нема датум“, соопшти Песков, пренесува „Взгљад“.

Портпаролот на Кремљ потенцираше дека засега е предвиден само разговор меѓу двајцата лидери и дека нема да има изјави за медиумите.

На почетокот на мај Песков соопшти дека Путин и Трамп во јули ќе учествува во самитот на Г-20 во Германија, што може да послужи како добар повод за средба меѓу двајцата лидери.

Покрај тоа, како што објасни министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, средбата меѓу лидерите на Русија и САД не е потребна за гласни наслови во медиумите, туку за постигнување конкретни резултати, затоа таквите преговори треба добро да се подготват.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња