Путин видел во Трамп искрен човек

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека неговиот американски колега Доналд Трамп не може да се нарече обичен политичар.

Вакво мислење рускиот претседател искажа во разговорот со раководителите на странските информативни агенции, кој се одржа во рамките на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ) во четвртокот, пренесува „Блумберг“.

„Тој е директен и искрен човек“, изјави рускиот лидер во текот на разговорот со странските новинари кој се водеше зад затворени врати. Путин истакна дека претседателот на САД има „свеж поглед на работите“, што го прави различен од другите политичари.

Истовремено Путин потенцираше дека засега не е лично запознаен со Трамп и затоа не може да носи заклучоци за него како за човек, а не пак да го нарекува пријател.

На 19 март Трамп во програмата на телевизијата „Фокс Њуз“ го нарече рускиот лидер „цврст орев“. Портпаролот на Путин Дмитриј Песков, коментирајќи ја оваа карактеристика, истакна дека „англискиот јазик е мошне богат“, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња