Тилерсон: Трамп го увери Лавров дека скандалите нема да пречат на односите

На средбата со шефот на МНР на Русија Сергеј Лавров претседателот на САД Доналд Трамо изјави дека внатрешните политички скандали во Вашингтон нема да му попречат да соработува со Москва, соопшти државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

Во интервју за телевизијата „Фокс Њуз“ Тилерсон беше прашан дали навистина Трамп ја начнал темата за отпуштањето на директорот на ФБИ Џејмс Коми во разговорот со Лавров.

„Го сфатив тој разговор поинаку. Мислам дека претседателот на обидуваше да им соопшти на Русите: „Нема да дозволам сѐ што се случува во САД да ме одвлече од обидите за соработка со Русија, да најдам сфери во кои би можеле да работиме заедно“, изјави Тилерсон, пренесува „Взгљад“.

Тилерсон објасни дека Трамп се обидел да потенцира во разговорот со Лавров дека односите, кои се наоѓаат на ниско ниво, треба да се подобрат со заеднички напори, а политичките скандали никако нема да влијаат врз неговата желба да работи „на соработка со Русија“.

На 12 мај Трамп набрзо по разговорот со Лавров изјави дека Русија се „потсмева“, гледајќи го расколот во САД поради обидите на Демократската партија да го оправда својот пораз на последните избори.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња