Песков: Кремљ ќе се ориентира според ставовите на Трамп

Кремљ жали за изјавите на потпретседателот на САД Мајкл Пенс во однос на Русија, но ќе се ориентира во наведеното прашање според позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ова го изјави портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков.

„Се надеваме дека сепак ќе се разјасни позицијата на САД но, се разбира позицијата на претседателот Трамп е основната и е токму таа позиција на која ќе се ориентира Москва. И, несомнено, ние жалиме во врска со таквите формулации во однос на нашата земја“, изјави Песков.

Претходно потпретседателот на САД Мајкл Пенс изјави дека во светот станува сѐ поопасно, а виновни за тоа се постапките на Русија и Иран, како и тероризмот, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња