МНР на Русија ѝ одговори на Црна Гора

Министерството за надворешни работи на Русија додава дека одговорноста за новонастанатата ситуација во целост ја сноси црногорската страна.

Москва жали поради антируската хистерија која продолжува во Црна Гора и во новонастанатата ситуација го задржува правото да преземе возвратни мерки врз основа на реципроцитет, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

„На петти јуни во Вашингтон ќе биде завршена процедурата на зачленување на Црна Гора во НАТО. Забележавме уште една низа дезинформации и истрошени пропагандистички клишеа против Русија кои во официјална Подгорица беа лансирани пред овој настан“, се вели во соопштението на рускиот дипломатски ресор, пренесува РИА Новости

„Во светлото на непријателската политика на црногорските власти руската страна го задржува правото да преземе возвратни мерки врз основа на реципроцитет. Во политиката, како и во физиката, секоја акција предизвикува реакција“, истакнува руското министерство.

Рускиот дипломатски ресор додава дека одговорноста за новонастанатата ситуација во целост ја сноси црногорската страна и потсетува дека по приклучувањето на оваа балканска земја на антируските санкции во март 2014 година Русија „во август 2015 година презеде реципрочни мерки“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња