Гускова смета дека главната причина поради која НАТО ја кани Црна Гора во своите редови е спротивставување на руското влијание на Балканот.
„Европа и САД инсистираа на тоа Црна Гора да влезе во НАТО само за да ѝ наштетат на Русија, да ѝ покажат дека дури и најверните пријатели ѝ вртат грб“, изјави Гускова. Таа исто така смета дека Мило Ѓукановиќ повеќе нема да ѝ треба на Европа кога ќе ја исполни таа задача.
На тој начин се објаснува и антируската реторикана црногорското раководство, кое ја обвини Москва за организирање на пуч против Ѓукановиќ. „Русија не се мешаше во внатрешната и надворешната политика на сите балкански земји, но внатрешниот отпор спрема НАТО мораше да се скрши на некој начин. Затоа беше потребно да се измисли ситуација и да се обвини Русија за мешање во внатрешните работи“, вели Гускова.
Таа исто така предвидува дека односите меѓу Русија и Црна Гора само ќе се влошуваат по влегувањето на земјата во НАТО.
„На таа територија на која, како што мислеа тие, влијаеше Русија, ќе се развива инфраструктура на НАТО. Задолжително ќе се појават воени бази и ќе се зголеми бројот на војници на НАТО“, смета таа.
А тоа ќе влијае на туристичката атрактивност на земјата, додава Гусков. Сепак, експертот не губи надеж во подобра иднина.
„Нашите односи, особено меѓу народите, ќе влезат во фаза на стагнација, но никогаш нема да прекинат. Меѓу Црногорците и Русите секогаш ќе има заемна љубов“, вели Гускова, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче