Лавров: Русофобите во Црна Гора се смешни и за жалење

Пристапувањето на Црна Гора во НАТО нема да ја зајакне безбедноста на пактот и доведува до дополнителни трошоци на земји-членки на Алијансата, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Ова е чист геополитички проект кој не ја зајакнува безбедноста на НАТО, тоа е очигледно. Тој ќе доведе до дополнителни трошоци на земјите-членки на НАТО, затоа што територијата на Црна Гора ќе мора да се развива на воено-технички план. А безбедноста на Црна Гора тоа, исто така, ни најмалку не ја зајакнува, затоа што Црна Гора никоја не ја загрозуваше и не може да ја загрозува, а хистеричните гласови кои повремено се слушаат од Подгорица само предизвикуваат жалење, па дури и смеа, сѐ на сѐ“, рече Лавров на конференцијата за новинарите по разговорот со министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак.

Според рускиот министер, „во замена за лојалноста на антируските санкции и антируската политика на Црна Гора, нејзе (на Црна Гора), еве, ѝ наметнаа и членство во НАТО“.

„Мислам дека ова е тренд кој повторно нѐ враќа на политиката на линии на поделби во Европа, кој ги поткопува многуте ветувања на западните лидери за потребата да се осигура еднаква и неделива безбедност. Линијата е безизлезна, нема да донесе ништо добро“, додаде Лавров.

Министерот истакна дека Русија е отворена за дијалог, „ние сме подготвени да разговараме, но да разговараме на рамноправна основа, врз основа на конкретни факти, врз основа на конкретни споредувања на потенцијалите и воените активности“, рече Лавров, пренесува „Спутник“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња