Обвинувањата против Русија за обид да се меша во внатрешните работи на Македонија не се основани врз никакви реални факти, а Русија нема да си ја ризикува репутацијата, изјави за РИА „Новости“ членот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Олег Морозов.
„И покрај значењето за Русија на Македонија и Балканот во целина, тешко е да се замисли дека Русија почнува да се меша во сите македонски работи, ризикувајќи си ја репутацијата. Таквите обвинувања се политичка конспирологија, незаснована врз било какви реални факти“, вели Морозов.
Според него, немаат никаква основа ни претпоставките дека Русија на тој начин се обидува да не дозволи зачленување на Македонија во НАТО.
„Да, тоа би било непријатно, како и зачленувањето на Црна Гора. Но, Русија нема да си ја расипува репутацијата, да се занимава со субверзивни активности. Тоа е премногу скапо задоволство кое може да резултира со губење на репутацијата“, потенцира рускиот сенатор.
Таквите обвинувања против Русија се „производ на општото русофопско расположение, кое доминира сега како во Европа, така и во САД“, изјави Морозов. „Всушност, ова е традиционална приказна, карактеристична при заострувањата на внатрешнополитичката ситуација, проследена со барање на надворешен непријател“, заклучи Морозов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче