Медиум: Русија ќе ги опреми тихоокеанските подморници со ракети „Калибар“

Руската Тихоокеанска флота ќе ги замени на своите нуклеарни подморници застарените ракети „Гранит“ со ракетите „Калибар“ кои одлично се покажаа во Сирија, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.

Руската Тихоокеанска флота планира да опреми четири нуклеарни подморници од проектот 949 „Антеј“ со крстосувачки ракети „Калибар“, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов. Застарените ракети „Гранит“ ќе бидат, како што истакна тој, заменети со ракетите „Калибар“ кои се покажаа одлично во сирискиот конфликт.

Како што пишува магазинот „Дипломат“, ракетите „Калибар“ се во состојба да развијат брзина од 270 до 410 милји на час. Подморниците од проектот 949 ќе бидат опремени, како што се наведува, со нови системи за навигација и нормално функционирање на екипажот. „Старите пловила ќе добијат нови функции, а на тоа се работи во рамките на тековната државна програма“, нагласи Борисов. 

Изданието истакнува дека подморниците од проектот 949 се изградени во периодот од 1985-1999 година и дека првично се наменети за напад врз ударните групи на американските носачи на авиони и крајбрежни цели. Во овој момент две подморници од наведената класа се на служба во Северната флота, а пет во Тихоокеанската, пренесува .

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња